Тимот на Тојота во Светското првенство во рели потврди дека Оливер Солберг ќе го замени двократниот светски шампион, Кале Рованпера, во јапонскиот тим за сезоната 2026.
Рованпера ќе се повлече од WRC на крајот од годината за да се фокусира на трките во други конкуренции.
Ќе потсетиме дека Швеѓанецот годинава во единствениот старт за Тојота во Рели1 успеа да победи на патеката во Естонија.

