Стјуардите на синоќешната трка за Големата награда на Сао Паоло во Ф1 објаснија зошто Оскар Пјастри заработи казната од 10 секунди по инцидентот со Андреа Кими Антонели и Шарл Леклер.
-На рестартот по безбедносното возило во шестиот круг, автомобилот број 81 (Оскар Пјастри) се обиде да го престигне автомобилот бр12 (Андреа Кими Антонели) од внатрешната страна на првиот свиок. Притоа, неговата предна оска не беше веднаш до ретровизорот на автомобилот број 12, како што е опишано во упатствата, – стои во објавата.
Во истата се наведува дека реакцијата на Пјастри влијаше на инцидентот меѓу Антонели и Леклер и дека тоа е дополнителна причина за казната.

