Ѕвездата на хокеарскиот состав Торонто, Остон Метјуз, ќе отсуствува најмалку една недела поради полесна повреда добиена на мечот со Бостон.
Тој го напушти теренот во втората третина. Трикратниот добитник на наградата за најдобар стрелец во НХЛ, има 14 поени (9 гола, 5 асистенции) во 17-ет сезонски натпревари.
Метјуз нема да игра против Чикаго в сабота и на натпреварите против Сент Луис и Колумбус.

