Новиот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез, кој нема да са појави на патеката – „Рикардо Тормо“, призна дека се чувствува чудно.
„Вистина е дека се повредив токму кога требаше да ја славам титулата. Од друга страна, тоа беше добар момент бидејќи битката беше завршена“ – рече Маркез.
Тој нема да биде на тестирањето во вторник во Валенсија. Неговото враќање на патеките се очекува во февруари во 2026-та година.

