Кошаркарот на Сакраменто Кингс, Домантас Сабонис, заработи скинат менискус на левото колено и ќе биде повторно надвор од терените во пеирод од три до четири недели.
Сабонис го пропушти натпреварот против Оклахома Сити поради, како што ја опиша тимот, болка во левото колено. Понатамошните тестови покажаа кинење на менискусот, поради што Сабонис ќе отсуствува барем до Нова година.
Центарот го пропушти првиот натпревар од сезоната поради истегнување на тетивата, како и уште два натпревари претходно овој месец поради проблем со ребрата. Сега, скинатиот менискус ќе го оневозможи да настапи и на следните 10 натпревари.

