Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Верстапен славеше во Лас Вегас, дисквалификација за Норис и Пјастри
    Меѓународен микс

    Верстапен славеше во Лас Вегас, дисквалификација за Норис и Пјастри

    sasoBy saso23/11/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на денешната трка во Формула 1 за Големата награда на Лас Вегас, со што и натаму остана во конкуренција за петтата последователна светска титула на два тркачки викенди пред крајот на сезоната.

    Холандскиот возач во Лас Вегас го забележа 69-от триумф во својата кариера, воедно и шестиот во сезоната. Второто место го освои возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека третото место му припадна на минатогодишниот победник во Лас Вегас, Џорџ Расел од Мерцедес.

    Сепак, по трката возачите на Мекларен, Ландо Норис и Оскар Пјастри, се дисквалификувани поради прекршување на техничките правила, објави Меѓународната автомобилска федерација (ФИА).

    Норис и Пјастри ја завршија трката на второто и четвртото место, соодветно, и беа дисквалификувани бидејќи штитниците за заштита на двата болида биле потенки од минималните девет милиметри.

    „ФИА цврсто верува дека прекршувањето било ненамерно и дека немало обид за заобиколување на прописите“, се вели во соопштението, додавајќи дека Мекларен има право да поднесе жалба на одлуката.

    Џорџ Расел од Мерцедес се искачи на второто место по дисквалификацијата на Норис, додека неговиот колега Андреа Кими Антонели заврши трет.

    Генералниот пласман во шампионатот во Формула 1 исто така се промени, каде што Норис е лидер со 390 поени, додека Верстапен на второто место со ист број поени како и третопласираниот Пјастри – 366.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.