Светската автомобилистичка асоцијација ќе го следи внимателно тимот на Мекларен на претстојната трка за Голема награда на Катар во Формула откако двајцата возачи на Британците беа дисквалификувани на претходниот собир во Лас Вегас.
Тогаш Ландо Норис и Оскар Пјастре останаа без бодови откако беше утврдено дека плочите на суспензијата на нивните болиди се истрошени над дозволените граници.
ФИА веројатно поучена од тој случај, најави дека ќе има посебни контроли на болидите пред викендот што доаѓа.

