Извршниот директор на Мекларен во Формула 1, Зак Браун, не го криеше разочарувањето откако Макс Верстапен победи на трката Големата награда на Катар.
Неговиот тим имаше лоша проценка околу влегувањето во боксот и промена на гумите што практично му овозможи на возачот на Ред Бул да дојде до првото место.
„Очигледно направивме огромна грешка. Мислам дека Оскар беше апсолутно беспрекорен целиот викенд. Многу е разочарувачки“ – рече Браун.

