Возачот на Мекларен, Ландо Норис, ја освои првата титула во Формула 1 откако на денешната последна трка во сезоната во Абу Даби го обезбеди третото место на пиедесталот.
Победата на Макс Верстапен од Ред Бул на трката за Големата награда на Обединетите Арапски Емирати не беше доволна да се одбрани титулата. Второто место му припадна на Оскар Пјастри, вториот возач на Мекларен. Во топ 10 влегоа и Леклер, Расел, Алонсо, Окон, Хамилтон, Строл и Берман.
Во конкуренција на конструктори титулата од претходно ја имаше обезбедено Мекларен пред Мерцедес и Ред Бул.

