Поранешниот возач на Формула 1, Хуан Пабло Монтоја, не се согласува дека Макс Верстапен бил на потребното ниво во штотуку завршената сезона.
„Верстапен имаше силен настап во последните неколку трки но, не беше најдобар во целина. Ландо беше најдобар во средината на сезоната а Оскар во почетокот.“ – рече Монтоја.
„Проблемот е што луѓето се сеќаваат само на последните резултати. Макс се покажа многу добро само во тие трки“ – вели Колумбиецот.

