Познатиот режисер и навивач на Њујорк, Спајк Ли, верува дека сегашниот тим на Никс е способен да го врати трофејот од НБА шампионатот. Никси ја освоија титулата во 1970 и 1973 година. Во вторникот, клубот од Њујорк го освои новиот трофеј во лигата, НБА Купот.
„Што можам да кажам по оваа победа? Не сме завршиле. Ова е наша сезона. Бев на седмиот натпревар во сезоната 1969/1970, имав 13 години. Последен пат победивме во 1973 година. Поминаа повеќе од 50 години. Пет децении. Тоа е многу, многу, многу, многу долго време. Но, тоа ќе биде апсолутно среќен и радосен ден во Њујорк кога тимот повторно ќе ја освои титулата. Дефинитивно ќе се случи“, изјавил Спајк Ли.

