Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Австријката Хутер победи на спустот во Вал д’Изер, Линдзи Вон заврши трета
    Меѓународен микс

    Австријката Хутер победи на спустот во Вал д’Изер, Линдзи Вон заврши трета

    risteBy riste20/12/2025No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Австриската алпска скијачка Корнелија Хутер победи во спуст трката од Светскиот куп 2025/26 одржана денес во Вал д’Изер, Франција. Таа ја заврши патеката за 1:41,54.

    Второто место го освои Германката Кира Вајдле-Винкелман, со заостанување од 0,26 секунди. Легендарната 41-годишна Американка Линдзи Вон (+0,35) ги заокружи првите три на подиумот.

    По изминатите 12 натпревари, во генералниот пласман за Големиот кристален глобус сè уште води фаворитот Микаела Шифрин (САД) со 558 поени, пред Алис Робинсон од Нов Зеланд со 404. На третото место досега е Германката Ема Ајхер со 345.

    Во пласманот за спуст, Линдзи Вон е на врвот со 240 поени, пред Ајхер со 171, Хутер со 155 е третта.

    Корнелија Хутер веќе има пет победи во спуст од вкупно 10 во својата кариера во Светскиот куп. Таа ќе биде главен кандидат за медал во олимпискиот спуст, закажан за 8 февруари во Кортина д’Ампецо. Таа се пласираше на четвртото место во спуст на секое од двете светски првенства одржани по Олимписките игри во Пекинг 2022 година, каде што заврши седма.

    Враќањето на Вон по речиси шест сезони надвор од патеките е насочено кон Зимските игри во Италија, што ќе биде нејзина петта Олимпијада. Таа освои злато во Ванкувер во 2010 година и бронза зад Гоџа во Пјонгчанг во 2018 година.

    Утре, Вал д’Изер ќе биде домаќин на супер-велеслаломот, една недела откако Вон заврши на четвртото место во оваа дисциплината во Сент Мориц, на која победи Алис Робинсон од Нов Зеланд.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.