Францускиот возач, Пјер Гасли, склучил договор со кошаркарскиот состав Вилербан и станал нов малцински акционер, наведуваат дел од медиумите.
Тој потег се наметна како неопходен за финансиска поддршка на клубот. Новиот инвеститор во францускиот состав е всушност мала група на приватни лица од кои најистакнат е францускиот возач на Формула 1, Пјер Гасли.
Вилербан во сезонава се соочи со финансиски потешкотии а Евролигата го казни за неисполнување на обврските за минимална плата.

