Поранешниот шеф на Хаас, Гинтер Штајнер, вели дека седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, треба да добие подобар болид во Ферари за наредната сезона.
Британецот е најуспешниот возач во историјата но, во 2025 година ја имаше најлошата сезона без подиуми и само една спринтерска победа во Кина.
„Верувам дека со добар болид Луис може да ја врати најдобрата форма. Ако работите не се променат во Ферари, тогаш тоа сигурно ќе биде последната сезона на Луис“ – рече Штајнер.

