Возачот на Дукати во Мото Гран При шампионатот, Фабио Ди Џанантонио, упати критики за долгиот и набиен календар во една натпреварувачка сезона.
„Премногу трки. Премногу денови патување, премногу е за телото. 44 трки, премногу е. Нула тренинг. Тренираме многу во јануари а потоа само се обидуваме да останеме во форма во текот на сезоната“ – рече Италијанецот.
Уште еден факт ги поткрепува зборовите на Фабио. Имено, по воведувањето на спринтовите во 2023 година видовме зголемување на бројот на повредени возачи.

