Дебитантот во Формула 1, Ауди, вчера во Берлин ја откри бојата што ќе ја користи во сезоната 2026. Болидот ќе се вика R26 и ќе биде претежно сребрен, со црн капак на моторот и црвени елементи на долниот дел.
Шефот на проектот на Ауди за Формула 1, Матија Биното, вели работите одат во посакуваната насока.
„Ауди нè поддржуваше многу од првиот ден, од нула, тие се целосно посветени на нашиот проект а тоа е најзначајно “ – рече Биното.

