Двократната освојувачка на Големиот кристален глобус во алпско скијање, Фредерика Брињоне, успеа да ја санира повредата и да влезе во тренинг процес за претстојната Зимска Олимпијада.
Швајцарката се повреди во април во 2025 година и мораше да биде надвор од скијањето речиси девет месеци.
35-годишната Брињоне изјави дека сака да се врати во ритам за олимписките игри и секако за тековната сезона во алпско-скијање.

