Поранешниот возач на Формула 1, Фелипе Маса, ги процени шансите на младиот Исак Аџар да се наметне во редовите на Ред Бул.
„Мислам дека импресионираше со начинот на кој возеше во изминатата сезона. Имаше фантастична година учејќи и покажувајќи одлични перформанси на многу трки“- рече Маса.
„Сега добива фантастична можност да му се приклучи на голем тим иако притисокот сигурно ќе биде интензивен во друштво на Макс Верстапен“ – рече Маса.

