Поранешниот возач на Формула 1, Рикардо Патрезе, верува дека Шарл Леклер, може да ја освои титулата во новиот шампионат доколку болидот на Ферари ја има потребната брзина.
„Ќе кажам Леклер. Тој е спортски лут што не станал шампион во Формула 1, иако многумина очекуваа тоа да се случи порано. Ако болидот на Ферари е доволно конкурентен може дури и да се соочи со некој како Верстапен“ – рече Патрезе.
„Ферари се покажа добро на тестирањето но, ќе видиме како всушност ќе се одвиваат работите“ – потенцираше некогашниот учесник во „циркусот на тркала“.

