Возачот на КТМ, Педро Акоста, ја однесе првата победа во својата кариера, славејќи на спринтот за Големата награда на Тајланд, со кој започна овогодинешното првенство во Мото ГП.
Шпанецот триумфираше по неверојатна битка со Марко Маркез која траеше неколку круга и беше решена со контроверзии. Маркез излезе како победник од дуелот со Акоста, но го принуди својот сонародник да оди премногу широко во последниот круг, што го натера да се врати назад. Кога му дозволи на Акоста да го престигне, немаше време да возврати.
На двајцата на подиумот им се придружи Раул Фернандез од „Тракхаус“, кој беше четири и пол десетинки зад Маркез.

