Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, оствари победа на трката за ГН на Австралија со која официјално започна новата, 77. сезона во Формула 1 шампионатот.
Британскиот возач триумфираше на патеката Алберт Парк во Мелбурн и со тоа дојде до шестата победа во својата кариера.
Расел имаше одлична трака од почетокот до крај и успеа да ја задржи контролата во клучните моменти, што му овозможи да стигне до максималните 25 бодови на отворањето на сезоната. Со оваа победа, Мерцедес доби одличен старт во новиот шампионат и најави сериозна борба за титулата. Второто место му припадна на неговиот тимски колега, младиот италијански возач Андреа Кими Антонели, кој со стабилно и сигурно возење обезбеди значајни 18 бодови за тимот. Така, Мерцедес успеа да ја започне сезоната со двојна победа, што претставува одличен резултат за германскиот тим.
На третото место се пласираше возачот на Ферари, Чарлс Леклерк, кој успеа да обезбеди место на подиумот и да освои 15 бодови. Неговиот тимски колега Луис Хамилтон ја заврши трката веднаш зад него, на четвртата позиција. Петтото место му припадна на актуелниот шампион, возачот на Мекларен, Ландо Норис, додека шестата позиција ја освои четирикратниот светски шампион Макс Верстапен од Ред Бул.
Меѓу оние кои освоија бодови на ова атрка беа уште возачот на Хас, Оливер Бермен, Арвид Линдблад од Рејсинг Булс, Габриел Бортолето од Ауди и Пјер Гасли од Алпин.


