Италијанецот, Андреа Кими Антонели, ја освои пол-позицијата за Големата награда на Кина со што стана најмладиот возач во историјата на Формула 1 што ќе стартува од првата линија.
Антонели, кој има 19 години и 201 ден, го надмина рекордот на Себастијан Фетел од 2008 година. Возачот на пак, на Мерцедес, Џорџ Расел, победи во спринтот. Британец стартуваше од пол-позицијата и по 19 круга го зачува првото место.
Членот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор пред клупскиот колега, Луис Хамилтон. Втората сезонска трка во Ф1 е закажана за в недела со почеток во 8:00 часот.

