36-годишниот Колумбиски велосипедист Наиро Кинтана објави дека се повлекува од спортот на крајот од тековната сезона, објавува весникот „Л’Екип“.
„Ова е важен момент за мене, за моето семејство, за мојата земја, за сите што беа покрај мене. Сакам да кажам дека ова е мојата последна сезона како професионален велосипедист. Секоја трка во која учествувам оваа година ќе биде голема прослава, последен танц“, рече тој за време на учеството на Трката околу Каталонија.
„Наироман“ е колумбиска спортска икона речиси две децении. Тој стана првиот Колумбиец што ја освои Џиро д’Италија во 2014 година, а две години подоцна ја освои и Вуелта. Кинтана двапати заврши втор на Тур де Франс (2013 и 2015 година), како и еднаш трет (2016 година).

