Возачот на Вилијамс, Карлос Саинц, изрази загриженост дека новиот активен аеродинамичен систем, Straight Mode, би можел да доведе до голема несреќа при големи брзини. Според Шпанецот, режимот со отворени крила на патеки со брзи кривини создава прекумерни ризици.
„SM е како фластер на фластер. Ако се тркате со испружени крилја на правци со 340 км/ч, порано или подоцна, на писта како австралиската, каде што има мали кривини, ќе имате голема несреќа при многу голема брзина. Места како Џеда, со отворени крила… не ми се допаѓа. Не ми се допаѓа да морам да се тркам со 340 км/ч без притисок во автомобилот и со отворени крила, особено на патеки како оваа. Во Кина правецот е во ред. Но, на други патеки, не е добар. SM е фластер за многу енергетски интензивна патека и болид“, потенцирал Саинц.

