Возачот на Априлија во Мото Гран При шампионатот, Марко Беџеки, на трката за Големата награда на САД, успеа го сруши рекордот на Хорхе Лоренцо за најмногу последователни кругови на чело на колоната.
Трикратниот светски шампион во 2015 година имаше 103 последователни кругови како лидер за време на трките во Шпанија, Италија, Франција и Каталонија.
Беџеки, пак, стигна до 121 последователен круг како лидер а неговата серија започна на крајот од минатата сезона во Португалија и Валенсија. Истата продолжи годинава во Тајланд, Бразил и САД.

