Словенечкaта кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ се повреди минатата недела, а ситуацијата очигледно се влоши. По деталните прегледи од специјалисти, се покажа дека регуларниот дел од НБА сезоната за него е дефинитивно завршен и прашање е дали тој ќе успее да се врати во плејофот.
Лука Дончиќ има повреда на тетивата од „втор степен“ и по консултации со лекарите на ЛА Лејкерс и неговиот медицински тим, беше одлучено дека треба да замине во Европа за да добие специјализиран медицински третман. Со оглед на тоа дека станува збор за „делумно кинење на мускулните влакна“, закрепнувањето трае најмалку три до шест недели, па тоа е временската рамка што Лука Дончиќ ја „брза“ за да може да му помогне на својот тим барем во плејофот.

