Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Мартин Карапалевски третто засилување на Охрид за наредната сезона
    Ракомет

    Мартин Карапалевски третто засилување на Охрид за наредната сезона

    risteBy riste14/04/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на ГРК Охрид денеска објави информација за уште едно ново име за следната сезона. Во тимот од Охрид доаѓа повремениот македонски репрезентативец Мартин Карапалевски. 26-годишниот среден бек со Охрид се договори за соработка од две сезони, што значи дека во дресот на Охрид ќе настапува најмалку до јуни 2028 година.

    Во Охрид тој ќе го носи дресот со број единаесет.

    Карапалевски последните две сезони настапува за тимот на Ваљадолид во Шпанија, каде што остава одличен впечаток. Доказ за тоа е последниот избор на „дрим-тим“ на колото, во кој место имаше токму за македонскиот среден бек. Претходно, беше меѓу организаторите на играта во Вардар.

    Инаку, Карапалевски е трето засилување на Охрид за следната сезона, по голманот Дино Славиќ и десниот бек Мате. Во меѓувреме како засилување за до крајот на сезоната дојде и јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.