По поразот на синоќешниот натпревар со Оклахома во втората рунда од плеј-офот, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс не штедеше зборови кога беше прашан за офанзивните проблеми на Лејкерси. Четирикратниот МВП призна дека на неговиот тим му е тешко да ја пополни празнината што ја остави повредениот бек Лука Дончиќ, кој имаше просек од 33,5 поени и 8,3 асистенции пред да се повреди со истегнување на тетивата од втор степен.
„Имавме човек кој во просек постигнуваше 37 поени по натпревар, кој сега не е со нас. Проблемите се токму таму“, изјави Џејмс.
Иако Дончиќ наводно сè уште не започнал со трчање или тренинзи на цел терен, Брајан Виндхорст од ЕСПН во вторникот објави дека Словенецот може да се врати во одреден момент од серијата.

