Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Рекордни 1,3 милиони пријави за учество на Лондонскиот маратон 2027
    Меѓународен микс

    Рекордни 1,3 милиони пријави за учество на Лондонскиот маратон 2027

    sasoBy saso06/05/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Рекорден број луѓе се пријавиле за учество на Лондонскиот маратон во 2027 година, објави Би-Би-Си. Над 1,3 милиони лица се пријавиле за учество на настанот што ќе се одржи на 25 април следната година, со што е срушен минатогодишниот рекорд од 1.1 милион апликации.

    Маратонот во 2026 година имаше рекордни 59.830 учесници и беше најголемиот годишен еднодневен настан во светот.

    „Овој неверојатен број на пријавени цврсто го етаблира Лондон како најбараниот маратон во светот“, рече Хју Брашер, извршен директор на „Лондон Маратон Ивентс“.

    Од сите пријавени, само околу 60.000 луѓе ќе добијат шанса да трчаат низ улиците на британската престолнина, а одлуката за среќните учесници ќе биде објавена на почетокот на јули. Местата ќе бидат распределени преку случаен избор.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.