Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Македонија и гостува на Словачка во првиот бараж за СП 2027
    Ракомет

    Македонија и гостува на Словачка во првиот бараж за СП 2027

    sasoBy saso14/05/2026No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Maшката ракометна репрезентација на Македонија вечерва (19 ч.) и гостува на Словачка во првата од двете битки против селекцијата на Словачка за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.

    Словаците во вториот бараж ја елиминираа Украина и покажаа дека не смеат да бидат потценети, но Македонија ја има фаворитската улога во овој двомеч. За разлика од Македонија, која ќе брка осмо СП по ред, или вкупно десетто, Словачка нема играно на Мундијал цели 16 години.

    Пред денешниот дуел, искусниот голман Никола Митревски истакна:

    „Голема непознаница за нас, никогаш не сме играле против Словачка и овој натпревар ќе биде исто така тежок, незгоден, бидејќи играме на гостински терен. Се спремаме, мислам дека сме  доволно добро подготвеи од тоа што можевме да го видиме на претхоните натпревари и очакувам добар натпревар од наша страна. Големите натпреверувања кои што имаме позади нас, ни го даваат тоа право да очекуваме добар и позитивен резултат на овај натпревар. Ништо нема да биде решено тука без разлика на конечниот исход на првиот натпревер. Ова е само едно полувреме од овој двомеч и ќе пробаме, како што кажав, да го дадеме нашиот максимум, да одиграме како што се договоривме и да излечеме поволен резултат“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.