Maшката ракометна репрезентација на Македонија вечерва (19 ч.) и гостува на Словачка во првата од двете битки против селекцијата на Словачка за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.
Словаците во вториот бараж ја елиминираа Украина и покажаа дека не смеат да бидат потценети, но Македонија ја има фаворитската улога во овој двомеч. За разлика од Македонија, која ќе брка осмо СП по ред, или вкупно десетто, Словачка нема играно на Мундијал цели 16 години.
Пред денешниот дуел, искусниот голман Никола Митревски истакна:
„Голема непознаница за нас, никогаш не сме играле против Словачка и овој натпревар ќе биде исто така тежок, незгоден, бидејќи играме на гостински терен. Се спремаме, мислам дека сме доволно добро подготвеи од тоа што можевме да го видиме на претхоните натпревари и очакувам добар натпревар од наша страна. Големите натпреверувања кои што имаме позади нас, ни го даваат тоа право да очекуваме добар и позитивен резултат на овај натпревар. Ништо нема да биде решено тука без разлика на конечниот исход на првиот натпревер. Ова е само едно полувреме од овој двомеч и ќе пробаме, како што кажав, да го дадеме нашиот максимум, да одиграме како што се договоривме и да излечеме поволен резултат“.

