Сопственикот на „VR46 Ducati“ во Мото Гран При шампионатот, Валентино Роси, го коментираше изборот на возачи за 2027 година нагласувајќи дека сака да има барем еден Италијанец.
Бидејќи според најавите Фабио ди Џанантонио е на излезната врата, како негова замена се почесто се споменува името на Фермин Алдегер од Гресини.
„Сакаме да имаме барем еден италијански возач за наредната година бидејќи нашиот тим отсекогаш се развивал со италијански возачи. Имаме неколку опции, ќе избереме меѓу нив. Сеуште ништо не е официјално, ќе видиме што ќе се случи3 – рече Роси.

