Возачот на Ферари во Формула 1, Луис Хамилтон, изјави, дека не размислува за завршување на кариерата. Тој потенцираше дека има намера да продолжи со настапите и во наредната сезона.
„Сè уште имам договор. Сè уште сум фокусиран и мотивиран. Ќе бидам тука одредено време, затоа навикнете се“ – рече Хамилтон.
„Многу луѓе се обидуваат да ми кажат да се пензионирам, иако не размислувам да ја завршам кариерата. Напротив, правам планови за наредните, да речеме, пет години“ – вели Британецот

