Кими Антонели, во болидот на Мерцедес, е победник на синоќешното хаотично Гран При на Канада во Формула 1.
Второто место го освои Луис Хамилтон со Ферари додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши трет. Бодови освоија уште и Леклер, Хаџер, Колапинто, Лавсон, Гасли, Сајнц и Берман.
Во генералниот пласман на возачите по првите пет трки од сезоната, Антонели води со 131 бод, пред Расел и Леклер. Кај тимовите, Мерцедес води пред Ферари и Мекларен.

