Возачот на Алпин во Формула 1, Франко Колапинто, се осврна на трката во Канада истакнувајќи дека е задоволен од постигнатиот резултат.
„Со оглед на нашата позиција во почетокот на викендот, завршувањето со двата болида во зоната за поени е одличен резултат и фантастична награда за тимот“- рече Колапинто.
„Разбираме дека добивме предност поради проблемите на нашите противници но, ја искористивме максимално и стигнавме до целта“ – потенцираше членот на Алпин.

