Кацигата на Жил Вилнев беше продадена на аукција за 1,25 милиони долари, поставувајќи рекорд за продажба на опрема за трки во Формула 1.
Тој ја користел на трката во Сан Марино и тоа на само две недели пред неговата трагична смрт на патеката во Зелдер.
Претходниот рекорд беше за кацигата на Аиртон Сена со која настапил на трката во Белгија во 1992 година. Истата беше продадена за 968.000 долари.

