Француската престолнина Париз од денеска е центарот на европските водени спортови, откако официјално започнува 38. Европско првенство во организација на European Aquatics. Во следните две недели најдобрите спортисти од Стариот континент ќе се натпреваруваат за медали во пет дисциплини – пливање, скокови во вода, уметничко пливање, далечинско пливање и скокови од големи височини.
Голем дел од олимписките и светските шампиони ќе бидат во Париз, што ветува возбудливи трки, неизвесни финалиња и нови рекорди.
Програмата денеска започнува со натпреварите во уметничко пливање и скокови во вода, додека пливачките дисциплини, кои традиционално привлекуваат најголемо внимание, ќе се одржат од 10 до 16 август. Во текот на првенството ќе бидат доделени вкупно 80 комплети медали.

