Полската одбојкарска репрезентација успеа да ја освои Лигата на нации по третпат од 2022 година. Претходно Полјаците беа најдобри во 2023 и 2025 година.
По пет тесни сетови и пресврти, Полјаците успеаја да го скршат отпорот на Американците и во финалето да ги совладаат со 3:2.
Најефикасен во победничкиот тим беше Семенјук со 17 поени, а потоа следуваа Леон и Форнал со по 15 поени.
Претходно во текот на денот, одбојкарите на Словенија ја победија Јапонија со 3:1 во сетови и го освоија бронзениот медал.

