Пливачката, Мерит Стенберген, ја продолжи доминација на патеката 100 метри слободен стил освојувајќи ја европската титула на шампионатот во Париз. Таа воедно го собори и рекордот на шампионатот.
26-годишната холандска ѕвезда ја помина патеката за 51,90 секунди. Таа е актуелна светска рекордерка со време од 51,68 секунди.
Италијанецот, Николо Мартиненги, заврши прв на 100 метри градно додека Британската пливачка, Кејти Шанахан, беше најбрза на 200 метри грбно.

