Возачот на Ред Бул, Исак Хаџар, проговори за случувањата во австрискиот клуб во продолжението на сезоната во Формула 1.
„Да бидам искрен, годинава возам на високо ниво, дефинитивно подобро од минатата. Тоа е нормално бидејќи ова ми е втора сезона. Сè уште не сум многу искусен но, се подобрувам“ – рече Хаџар.
„Мислам дека моето темпо во еден круг е многу добро. На тоа се фокусирам и на тоа работам“ – објасни Хаџар.

