Интернационалниот олимписки комитет објави дека ја следи состојбата со Полскиот олимписки комитет и дека е целосно посветен на заштита на олимпиското движење во земјата.
Порталот – „Онет“, откри, дека полските спортисти може да бидат лишени од правото да учествуваат на Олимпијадите поради апсењето на шефот на Полскиот олимписки комитет, Радослав Пешевич доколку тој остане на функцијата.
Првиот човек на полскиот олимпизам е уапсен на 27 август во Варшава откако обвинителите отворија кривична истрага против него и компанијата „Zondacrypto“, за измама и перење пари во вредност од 95 милиони долари.

