Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, вели дека мора да се напрват одредени промени во болидот за трката во Шпанија.
Британецот беше најбрз на првиот петочен тренинг но, не успеа да го следи темпото на тимскиот колега, Андреа Кими Антонели – кој беше најдобар во второто слободно возење.
„Добро започнавме на првиот тренинг и болидот беше силен уште од почетокот. Направивме одредени промени во подесувањето за вториот тренинг но, не сум сигурен дека тие го подобрија возењето, можеби ќе се вратиме на претходните поставки“ – изјави Расел.

