Кими Антонели ја освои трката за Големата награда на Шпанија која денеска се возеше на новата патека – „Мадринг“.
Италијанецот во болидот на Мерцедес беше побрз од Макс Верстапен и Ландо Норис кои исто така се искачија на пиедесталот. Бодови освоија и Шарл Леклер, Џорџ Расел, Лиам Лосон, Франко Колапинто, Оскар Пјастри, Арвид Линдблад и Нико Хулкенберг.
На таблета, Антонели е лидер со 292 бодови пред Расел со 211 и Хамилтон со 191. Кај конструкторите води Мерцедес со 503 бодови пред Ферари со 358 и Мекларен со 306. Наредната трка во Формула 1 ќе биде возена на 26 септември на патеката во Азербејџан.

