Тајриз Халибартон се враќа на терените по тешката повреда на Ахиловата тетива, а од таборот на Индијана пристигнуваат оптимистички информации за неговата форма.
Инсајдерот Брет Сигел објави дека во „Пејсерс“ сметаат оти Халибартон моментално изгледа „подобро од кога било“.
Халибартон ја пропушти целата сезона 2025/26 откако ја скина десната Ахилова тетива во седмиот натпревар од финалето на НБА во 2025 година.
Плејмејкерот веќе работи со полн интензитет, а уште во јули објави снимки од тренинг на кои демонстрираше висок степен на физичка подготвеност.

