Шампионот во Формула 1 од 2016 година, Нико Розберг, изјави дека лидерот во тековнава сезона, Андреа Кими Антонели, му оставил многу силен впечаток.
Младиот италијанец има освоено 8 трки и на добар пат е да стане шампион уште на претстојното Гран При на САД.
„Знаев дека Антонели е многу, многу брз, се познаваме уште од неговите картинг денови. Сепак, по минатата сезона во која имаше многу тежок период, никој не можеше да замисли дека ќе биде толку брилијантен годинава“ – рече Розберг.

