Поранешниот возач во Формула 1, Џони Херберт, нагласи дека сè подоминантната улога на технологијата ги ограничува возачите и ја поткопува суштината на вистинскиот мото-спорт.
„Возачите не се задоволни од начинот на кој се користи електричната енергија. Тие сакаат да возат до крајните граници но, понекогаш едноставно не можат бидејќи батеријата се празни а софтверот ги ограничува“ – рече Херберт.
„Во Малезија видовме како, на влажна патека, софтверот беше принуден да ја намали моќноста од 1.000 на 800 коњски сили. Во мое време, имавме посебно подесување за влажни услови и можевме сами да одлучиме како да го подесиме болидот.“ – рече Херберт.

