Џорџ Расел од екипата на Мерцедес ја анализираше трката во САД. Тој нагласи дека не можел да ја достигне брзината на тимскиот колега, Кими Антонели.
„Моето темпо не беше доволно добро во првиот дел. Во исто време, по застанувањето во боксот, имаше само околу шест круга во кои успеав да го стигнам темпото на Кими Антонели.“ – рече Расел.
„Потоа успеав да ја намалам разликата со Оскар Пјастри, но, сепак не можев да го престигнам. „На крајот, имав шест одлични кругo и 50 лоши во таа трка“ – потенцираше членот на Мерцедес.

