Јапонскиот производител на гуми „Бриџстоун“ подготвува нов обид за враќање во Формула 1, повеќе од 15 години откако последен пат беше дел од најбрзиот автомобилски шампионат во светот.
Според информациите на специјализираниот портал „RacingNews365“, претставници на компанијата биле присутни на последните трки за Големата награда на Сингапур и на САД, каде што разговарале за можноста за повторно вклучување во Формула 1.
„Бриџстоун“ наводно подготвува посилна технолошка и деловна понуда од онаа со која претходно се обиде да го освои договорот за снабдување со гуми.

