Кими Антонели и Валтери Ботас не се појавија на медиумските обврски вчера пред Големата награда на Мексико, откако двајцата возачи се соочија со здравствени проблеми. Од Мерцедес потврдија дека Антонели закрепнува од вирусна инфекција, поради што ФИА му дозволила да ги пропушти задолжителните медиумски активности за да добие дополнително време за одмор.
„Кими денес не се чувствува добро додека закрепнува од вирусна инфекција. Како мерка на претпазливост, ФИА му дозволи да ги пропушти задолжителните медиумски обврски за да се одмори пред претстојниот тркачки викенд. Очекуваме утре повторно да биде со нас“, соопштија од Мерцедес.
Слична одлука донесе и тимот на Кадилак, кој потврди дека Валтери Ботас нема да присуствува на медиумскиот ден поради здравствени проблеми. Финскиот возач добил слободен ден за одмор и закрепнување.

