Марк Маркез триумфираше на Големата награда на Малезија во Мото ГП и е на чекор до нова светска круна. Шпанецот на Дукати ја заврши трката во Сепанг со време од 40 минути, 14 секунди и 236 илјадинки.
Второто место го освои Педро Акоста од КТМ, со заостанување од 4,172 секунди, додека трет беше Алекс Маркез. За Марк Маркез ова беше седма победа сезонава и 80-та во кариерата во Мото ГП.
Со новите 25 бодови, Шпанецот има вкупно 399, односно 44 повеќе од Хорхе Мартин, кој го пропушти викендот поради повреда. Маркез веќе на следната трка, Големата награда на Катар, може математички да ја обезбеди светската титула.
До крајот на сезоната остануваат уште три трки, но искусниот Шпанец е во одлична позиција за освојување на новиот шампионски трофеј.

